Home » Се дислоцира градската библиотека „Кочо Рацин“ во Тетово

Се дислоцира градската библиотека „Кочо Рацин“ во Тетово

by Журнал.мк

Половина од фондот на книгите со кои располага нашата установа ќе треба да ги складираме во пакети и чуваме во подруми, ако се спроведе одлуката да се преместиме во училниците, реагира библиотекарот Махи Муртезани. Заедно со колегите неколку децении се грижевме за книгите, а сега ќе треба да собираат прашина, вели тој.

Се работи за простории кои се помали од постојните, но и пониски, нема циркулација на воздухот, ниту пак простор за рафтовите со книги.

Училниците каде треба да се дислоцира градската библиотека се во Центарот за култура во Тетово. Од оваа установа, велат дека тие се само корисници на просториите, но владата е сопственик и таа одлучува за истите.

Од Министерството за култура, велат дека работат и се насочени кон соодветно решавање на просторното прашање на библиотеката.

„Министерството за култура во континуитет ги увидува потребите на националните установи кои се во негова надлежност. И Центарот за култура во Тетово, како и библиотеката во Тетово се во наша надлежност. Можното дислоцирање на библиотеката ќе биде со исполнување на соодветни услови за нејзино функционирање“, соопштија од Министерството за култура.

Во Тетово 6 години се гради објект каде ќе треба да бидат сместени театарот и градската библиотека, кој требаше целосно да биде изграден лани. Од Министерството сега ветуваат дека објектот ќе биде пуштен во употреба во 2027 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More