Кон крајот на минатиот и почетокот на новиот милениум во Италија играа најдобрите фудбалери во светот, како Зинедин Зидан, Габриел Батистута, Луис Назарио да Лима Роналдо, Алесандро дел Пиеро, Паоло Малдини…
Во тоа време, Серија А беше најпопуларна и најсилна лига во светот, а се чиди дека полека се враќа на таа патека.
Ова лето на Апенините пристигнаа голем број звучни имиња кои сигурно ќе го направат „калчото“ далеку попопуларно, а самата лига треба да стане понеизвесна.
Во Италија пристигнаа фудбалери од Реал Мадрид, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, како и големи имиња кои дојдоа како слободни играчи. Со самото тоа покажува дека платежната моќ на клубовите се подобрува.
Според реномираниот италијански „Тутомеркаро“ идеалните единаесетмина во формацијата 4-3-3 изгледа вака: голман – Пау Лопез (Рома), одбрана – Данило (Јувентус), Де Лигт (Јувентус), Годин (Интер) и Тео Ернандез (Милан), среден ред – Рабио (Јувентус), Шене (Џенова), Нандес (Каљари), напад – Лозано (Наполи), Лукаку (Интер) и Рибери (Фиорентина).
