Контроверзниот Конор Мекгрегор се враќа во УФЦ по подолга пауза, а веќе се познати и неговите следни противници.
Ирецот ќе има три борби, прв противник ќе му биде Мајкл Чендлер, додека во следните две борби ќе се соочи со Џастин Гејџи и Нејтон Диаз, засега не се познати термините за овие две борби.
Борбата против Чендлер треба да се случи во декември, додека наредните две во новата година.
Последната борба на Мекгрегор беше во 2021 година против Дастин Порие кога беше поразен.