15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Се водат тешки, крвави борби за челичарницата, се огласи Прокопенко

Најчитани вести

Украинските сили во челичарницата Азовстал во Мариупол водат „тешки, крвави борби“ против руските војници, изјави командантот на баталјонот Азов.

„Горд сум на моите војници кмои вложуваат натчовечки напори да го запрат притисокот на непријателот. Ситуацијата е исклучително тешка“, рече командант на Азов, Денис Прокопенко во кратката видео порака на Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во текот на денот го повика генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш да помогне во спасувањето на луѓе од опколената челичарница Азовстал.

„Животите на луѓето кои останаа таму се загрозени. Секој живот нѝ е вреден. Ве молиме да помогнете да ги спасиме“, се вели во пораката на Зеленски до Гутереш.

Русија објави дека ќе прекине со огнот врз челичарницата Азовстал во Мариупол и најави отворање на хуманитарни коридори во наредните три дена за евакуација на цивили.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com