17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Се воведуваат мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите препораки

Најчитани вести

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции.

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година.

„ПРЕД НАС Е ЕДНА ОД НАЈТЕШКИТЕ ЗИМИ НА ЕНЕРГЕТСКИ ПЛАН, НЕ САМО ЗА НАС, ТУКУ И ЗА СИТЕ ЗЕМЈИ ВО РЕГИОНОТ, КАКО И ВО ЕВРОПА. ЗА ПОЛЕСНО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ОНА ШТО НЕ ОЧЕКУВА, ЗА НЕПРЕЧЕНО СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, РАЦИОНАЛНО ТРОШЕЊЕ И ПОНИСКИ СМЕТКИ, ПОДГОТВИВМЕ ПЛАН И ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТЕДА НА СТРУЈА. МЕРКИТЕ СЕ ПОДЕЛЕНИ ВО ПОВЕЌЕ КАТЕГОРИИ, ЗАВИСНО ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ДОМАЌИНСТВА, КОМПАНИИ ИЛИ ОБЈЕКТИ, ИНСТИТУЦИИ И ПРЕТРПИЈАТИЈА ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ. ЦЕЛТА Е НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА ЗА 15 ОТСТО СПОРЕДЕНО СО ИСТИОТ МЕСЕЦ ЛАНИ. АКО НЕ СЕ ПОСТИГНЕ ОВАА ЦЕЛ, ЌЕ СЛЕДУВААТ СОГЛАСНО ЕТИЧКИОТ КОДЕКС И СИТЕ УРЕДБИ, ОДРЕДЕНИ САНКЦИИ ЗА СИТЕ РАКОВОДИТЕЛИ НА ИНСТИТУЦИИТЕ“ ИСТАКНА БЕКТЕШИ.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com