16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Се видоа Груевски и Мијалков – на црна листа!

Најчитани вести

Како народот во Македонија да заборавил како Груевски и Мијалков владееја 10 години, како да не ги слушаше оние одвратни разговори од „бомбите“, па сега ќе нѐ убедуваат дека работеле за државните и за националните интереси, а не за личните.

САД ги стави на „црна листа“ поранешниот македонски премиер Никола Груевски и некогашниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Причината за овој потег, како што соопштија американските власти, е вмешаноста на Груевски и Мијалков во „значителна корупција“.

По ваквата одлука на Вашингтон, со експресна реакција се јавија Мијалков и Груевски. Одлуката била погрешна и неисправна, базирана на дезинформации, вели Мијалков. „Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија. Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде коригирана“, напиша.

Со сличен статус на Фејсбук излезе и неговиот помал братучед, Груевски. Одлуката на САД била поради лобирањето на македонските власти. Груевски вели дека „работел многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси“. Никогаш не работел за личен финансиски или материјален интерес. Тииииит! Лага.

Замислете, Груевски и Мијалков велат дека не биле корумпирани, туку дека биле големи патриоти што работеле за државните и за националните интереси. Хахахаха. Груевски и Мијалков нашле да зборуваат за државни и за национални интереси. „Ко о чему, курва о поштењу“. Тоа што Вашингтон ги стави на црна листа поради корупција, било лага измислена од СДСМ.

Како народот во Македонија да има колективна амнезија, како ние да сме заборавиле како Груевски и Мијалков владееја 10 години, па тие сега не убедуваат дека сето тоа било лага. Како народот во Македонија да не ги слушаше оние одвратни разговори од „бомбите“, па сега Груевски и Мијалков ќе не убедуваат дека работеле за државните и за националните интереси, а не за личните.

Сигурно и провизиите и рекетот на кои посведочивме ги сметаат за национален интерес. Шамарите што требаше да ги добие Жерновски исто така се од национален интерес. „Човечињата“ од Пустец 100 отсто се национален и државен интерес. Тука секако влегува и исклучувањето на лифтовите на ден на гласање и заканите за во ендек. Партиските донации пренасочени во офшор компании дефинитивно се државен интерес. Да не го заборавиме „мерцедесот“. Без него државата не можеше да вози напред. Па, плацовите на Водно, становите… Хистеријата дека мигрантите ќе нѐ нападнат и ќе ни се вселат тука исто така се државен интерес. Поделбите на патриоти и предавници-соросоиди, затворањето медиуми, политичките монтировки и апсења, сето тоа беше државен интерес што Груевски и Мијалков така жестоко го бранеа цели 10 години. И за сето тоа мораше масовно да се прислушува, нормално, за случајно да не му текне на некој „соросоид“ да се сврти против националниот интерес. Но, она што дефинитивно беше од најголем интерес за државата, секако дека беше антиквизацијата и „Скопје 2014“. Како ќе преживеевме без тој гипс-картон и без провизиите? Не знам, навистина. Не знам кој со бранење национален интерес успеал на контото да стави 11 милиони евра и да ги понуди како гаранција дека нема да избега за да не дреме во притвор.

Ете тоа се нашите бранители на државниот интерес, кои македонскиот народ го сметаат за сенилен, па и понатаму глумат некакви патриоти. И, што е најстрашно, сѐ уште го убедуваат народот во нивната желба за доброто на државата.

На Груевски му стана навика да ја замајува јавноста со постови во своја одбрана на Фејсбук. Онака удобно сместен во фотелја во Будимпешта, по папучи пред телевизор, штанца ли штанца објави. Не знам зошто едноставно човекот не ги извади папучите, како што едно време повикуваше, па да дојде тука во Македонија и на суд да ја докажува својата невиност и патриотизам. Еве, нека повели да дојде, сите со душа чекаме да слушнеме што има да каже. Па и една фотографија да му направиме, не сме го виделе одамна. Вака, на Фејсбук, од каде да знаеме дали тој пишува?

Ана Анастасовска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com