2 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

Се вери музичарот Петар Маркоски, романтично запросување во Холандија

Најчитани вести

Македонскиот музичар Петар Маркоски ќе се жени. Тој и неговата долгогодишна девојка Марија Јосифовска беа на патување во Холандија, каде што Петар ја побара за жена. Пејачот и виолинист објави неколку заеднички слики од Хитхорн, градот на вода кој нема улици, туку канали и откри дека како вистински охриѓанец ја запросил Марија додека се возеле со кајче.

„Прав Охриѓанец ќе си најт кајче и во Холандија, да си земит мома Охриѓанка за вечност“, напиша Петар покрај фотографиите и доби бројни честитки од пријателите, но и кометари дека е „вистински романтичар“.

Јавноста го запозна Маркоски со учеството во музичкото шоу „М2 потрага по ѕвезда“. Тој лани ја промовираше песната Una Signora. Во меѓувреме направи преработки на неколку познати светски хитови, а ги отсвире на виолина. Текстот (Галерија) Се вери музичарот Петар Маркоски, романтично запросување во Холандија е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести