Во рамки на засилените радарски контроли по патиштата и улиците низ Македонија сообраќајната полиција вчера казни 264 возачи. Како што соопшти МВР, 133 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 131 надвор од населено место.
Според извештаите од соораќајните контроли, 12 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а тројца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Од МВР предупредуваат дека ќе продолжат со секојдневните радарски контроли со цел да се зголеми дисциплоната на возачите и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.