13.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Се бара укинување на националните пензии за доајените на културата

Најчитани вести

Министерството за култура предложи да се укинат надоместоците за пензии на доајените на културата и титулата амбасадор на култура, во нов предлог-закон за остварување на јавниот интерес во културата. Предлог-законот, кој во петокот беше објавен на официјалната страница на Министерството на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), предложува надоместокот, кој е во висина на разликата помеѓу пензијата што уметниците ја остваруваат и највисоката пензија во земјата од претходната година, и изнесува околу 7.000 денари, ќе продолжи да се исплаќа на оние кои го оствариле тоа право.

Предлог-законот го подготвила работна група формирана во април 2018 година, со решение на тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, а во неа биле вклучени претставници на синдикатите, на Министерството за информатичко општество и администрација, на национални институции и на граѓанскиот сектор.

Меѓу 72 доајени и уметници кои во изминативе години се стекнаа со национална пензија се Милица Стојанова, Сабина Ајрула Тозија, Благој Чоревски, Михаил Ренџов, Веле Смилевски, Раде Силјан, Рамадан Шукри, Мајда Тушар, Васил Тоциновски, Халил Зендели, Санде Стојчевски. Надоместок користеа и Вања Лазарова, Владимир Георгиевски и Љупка Џундева, кои починаа изминативе години.

Според информациите во македонските медиуми, формирана е работна група, направено е преиспитување на правото за „надомест на пензија“ на пензиониран уметник и стручен работник од областа на заштита на културното наследство кои веќе добиле државни награди, како и на институтот „амбасадори на културата“, одредби кои не придонесуваат за развојот на културата, а предизвикуваат големи финансиски последици на буџетот во делот на културата, и во согласност со Стратегијата се предлага ваквите бенефиции да бидат укинати.

Одлуката за националните пензии беше донесена во 2011 година, а во 2017 година имаше предлог за измени, според кој надоместокот изнесува 7.333 денари.

Согласно Член 11-б од постојниот Закон за култура, уметник или стручен работник од областа на заштита на културното наследство, кој остварил право на пензија и кој е добитник на една од државните награди „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“ или државната награда „23 Октомври“ од областа на културата и уметноста, има право на месечен паричен надоместок во висина на разликата меѓу пензијата што ја остварува и износот од 38.500 денари.

Ова право го остваруваат 72 уметници, односно стручни работници од областа за заштита на културното наследство, а надоместокот се исплаќа со средствата од Буџетот на Република Македонија преку Министерството за култура, од денот на стекнувањето на правото на надоместок согласно со ставот (5) на овој член, па се до крајот на животот.

Досега биле назначени девет амбасадори на културата, кои освен титула, не добиваат никаков надомест, информираат од кабинетот на Ислаили. Македонија моментно има седум амбасадори на културата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com