По бруталните убиства во Градачац досега се уапсени 40-тина лица кои го поддржуваа монструмот Нермин Сулејмановиќ, кој ја уби својата невенчана сопруга Невзета Хеќимовиќ и Џенгиз и Денис Ондер, татко и син, кои се турски државјани, објави Дневни Аваз.
Досега се уапсени околу 40 лица кои по директен пренос на Инстаграм го поддржаа налудничавиот убиец. Ранети се полицаецот Хусеин Коториќ и граѓанинот Недим Памуковиќ, како и Хариса Ондер, сопругата на Џенгиз Ондер. Според последните информации, Хариса Ондер е во тешка состојба.Полудениот убиец Сулејмановиќ во живо го пренесуваше бруталното убиство на својата невенчана сопруга. Уште пострашно беше што многу луѓе го поддржаа.Како што изјави Рамо Исак, министер за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, се спроведуваат активности за евидентирање на физички лица.– Директорот на ФУП ме извести дека Одделот за компјутерски криминал на ФУП веќе спроведува активности поврзани со снимање на лица кои на социјалните мрежи го поддржувале и величале убиството и убиецот – изјави Исак.Како што дознаваме од извори блиски до истрагата, ФУП во соработка со ресорното обвинителство ќе започне процес на лоцирање и документирање на сите лица кои преку своите објави ширеле омраза, дале поддршка, величале убиство, не само на Инстаграм туку и на сите други социјални мрежи.