21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Сеќавање на жртвите од земјотресот на Нов Зеланд пред десет години

Најчитани вести

На Нов Зеланд денеска знамињата се спуштени на половина копје по повод 10-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Крајстчерч, во кој животот го загубија 185 луѓе.

На поменот во Крајстчерч, каде се уште се отстрануваат последиците од силниот земјотрес кој уништи поголем дел од градот, денеска се собраа повеќе стотици луѓе.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека е важно сите да се потсетат на жртвите од земјотресот, нагласувајќи дека меѓу нив имало 87 странски државјани, од кои 28 Јапонци.

Комеморација е одржана и во јапонскиот Тојама, од каде потекнуваат 12 студенти кои исто така настрадале во земјотресот на Нов Зеланд. На комеморацијата околу 100 членови на семејствата и колеги на загинатите студенти им оддадоа почит со едноминутно молчење.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести