21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Сестрите Кардашиан снимени на одморот, а фотографиите на папараците се разликуваат од оние на Инстаграм!

Најчитани вести

Кoртни и Ким Кардашиан се на одмор со децата, а сопругот на Ким, Канје Вест не е со нив и веќе подолго време се шпекулира дека парот е пред развод.

Кортни и Ким Кардашијан уживаа на плажа на островите Туркс и Каикос каде се релаксираат со своите деца. Славните сестри решија да заминат на одмор откако ја снимија последната епизода од нивното реално шоу „Во чекор со Кардашианс“.

На плажа и додека се возеа со брод во минијатурни костими за капење, тие ги покажаа своите волшебни облини, кои најмногу ги прослави самата Ким. Сепак, снимките од папараците се разликуваат од фотографиите што славните сестри ги објавуваат на Инстаграм каде што вешто користат фотошоп за да ги „испеглаат“ несовршеностите на телото.

Тие го напуштија Лос Анџелес истиот ден кога таму пристигна сопругот на Ким, Канје Вест, кој веќе неколку недели не беше во ЛА, што дополнително го продлабочи сомнежот дека неговиот брак со Ким е завршен и дека разводот е само прашање на денови. Двојката е во лоша врска веќе некое време и се чини дека седмата година од бракот може да биде кобна за нив, а на некои од фотографиите, обожавателите забележаа дека Ким повеќе не носи бурма.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести