17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Сестрата на Ким Џонг-ун: Ќе го гаѓаме Сеул со нуклеарно оружје ако не нападнат

Најчитани вести

Пјонгјанг ќе ја гаѓа Јужна Кореја со нуклеарна боева глава доколку биде нападната, рече влијателната сестра на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг, во изјава објавена од државните медиуми.

„ Во случај Јужна Кореја да одлучи за воен конфликт со нас, нашите нуклеарни борбени сили неизбежно ќе мора да ги извршуваат своите задачи“, рече Ким Јо Јонг, според соопштението објавено од KCNA.

Висок функционер на владејачката Народна партија рече дека Северна Кореја никогаш нема да нападне прва.

„ Но, ако Јужна Кореја, од која било причина, се одлучи за таква воена акција како „превентивен напад, тогаш ситуацијата ќе се промени“, рече таа во изјавата.

„ Во тој случај, самата Јужна Кореја ќе стане цел“, додаде таа.

Ким Јо Јонг веќе минатата недела го нападна јужнокорејскиот министер за одбрана Сух Вук поради неговите коментари за „превентивни удари“. Таа потоа рече дека Јужна Кореја ризикува „сериозна закана“.

Сух во петокот јавно изјави дека јужнокорејските вооружени сили имаат капацитет „прецизно и брзо“ да го нападнат местото од кое Северна Кореја ќе истрела проектили, како и нејзините командни пунктови штом се појават јасни знаци за напад врз Јужна Кореја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com