Home » СЕР ЕЛТОН ЏОН ПОЛНИ 75 ГОДИНИ Музичката икона вети дека ќе продолжи да се занимава со музика

СЕР ЕЛТОН ЏОН ПОЛНИ 75 ГОДИНИ Музичката икона вети дека ќе продолжи да се занимава со музика

by Журнал.мк

Британската поп-ѕвезда Елтон Џон денеска полни 75 години, и вети дека ќе продолжи да се занимава со музика. За да го одбележи својот роденден, тој првпат објави дигитално преработена верзија на неговиот албум „Diamonds: The Ultimate Greatest Hits“ на стрим-платформите.

Огнениот поранешен „полковник Двајт“ стана неизоставен дел од музичката сцена од 1970-тите, со редица хитови меѓу коишто и – „Crocodile Rock“, „Candle in the Wind“ и „Rocketman“. Тој, исто така, водеше глобална истражувачка кампања за ХИВ / СИДА, собирајќи милиони фунти за добротворни цели.

Пејачот и текстописец кој стана сер Елтон во 1998 година, кога ја доби титулата витез од кралицата Елизабета Втора, вели дека не е носталгичен, но за него 75-от роденден е „важен настан“.

– Денеска дефинитивно ќе најдам време „да ги средам сметките“ и да ѝ се заблагодарам на мојата среќна ѕвезда за моето прекрасно семејство, пријателите и работата, додаде тој.

– Се чувствувам неверојатно среќен што на 75 години сè уште толку многу го сакам тоа што го работам – сè уште сум толку енергичен во музиката и возбуден сум што можам да свирам, слушам и говорам за тоа секој ден! Тој во мигов е на турнејата „Farewell Yellow Brick Road“, која предвидува над 300 концерти ширум светот, коишто почнаа во 2018 година.

– Возбудата од свирењето во живо е исто толку неверојатна како што беше пред 50 години… Имам уште многу да пренесам на новата генерација обожаватели и уметници и решен сум да продолжам да придонесувам за индустријата што ми даде толку многу, истакна сер Елтон.

Музичарот продаде повеќе од 300 милиони плочи ширум светот, а минатиот месец, првпат по 16 години го освои синглот број 1 во Велика Британија, со песната „Cold Heart“, инаку дует со пејачката Дуа Липа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More