11 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Сериозна конкуренција на iPad: Ова е новиот Galaxy Tab S6

Најчитани вести

Јужнокорејскиот гигант и официјално го претстави својот најнов таблет – Galaxy Tab S6.

Продажбата на Galaxy Tab S6 започнува на 6-ти септември, а новиот таблет на Samsung ќе работи на оперативниот систем Android. Купувачите ќе можат да изберат помеѓу верзијата со 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија која ќе чини 649 долари и верзијата со 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија. Од Samsung потврдија дека подоцна ќе биде достапна и LTE верзија.

Новиот таблет кој ќе има поддршка за S Pen ќе биде во врвот на понудата на таблети на Samsung. Опремен е со Qualcomm Snapdragon 855 процесор и има батерија со капацитет од 7,040 mAh која овозможува работа до 15 часа.

Galaxy Tab S6 има 10,5-инчен OLED екран со резолуција од 2,560х1,600 пиксели, а рабовите се нешто потенки во однос на Tab S4. Сензорот за препознавање на лице е заменет со оптички сензор за отпечатоци на прсти интегриран во екранот, а на задната страна се сместени две камери од 13 и 5 мегапиксели./tocka.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести