Утре се одбележува 70-годишнината од Денот на победата во Пјонгјанг, каде што се очекува голема воена парада. Руска делегација предводена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу пристигна во Северна Кореја, придружувајќи се на кинеската група.
Демократска Народна Република Кореја е важен партнер на Русија, со која делиме заедничка граница и богата историја на соработка, рече Шојгу.
САД неколкупати ја обвинија Северна Кореја дека и дава воена помош на Русија за војната во Украина, што и Пјонгјанг и Москва го негираат.