Поп-пејачката Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, ги откажала настапите поради нејзината здравствена состојба. Таа неодамна беше во Америка на турнеја, а кога се врати ја дочекаа проблеми.
– За жал, викендов нема да се видиме поради болест, напиша Сенидах на Инстаграм, а потоа објави фотографија од болничкиот кревет, на која можеме да ја видиме со инфузија на раката.

– Како сум јас? Добро сум, благодарам за прашањето и благодарам за желбите за брзо закрепнување, напишала пејачката.
Сепак, таа не открила што точно и се случило.
Да потсетиме, Сенидах работи со полна пареа, а доказ за тоа е и тоа што се најде во првите пет изведувачи на платформата Spotify со 43,8 милиони, од кои заработила 39.000 евра повеќе од лани.