13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Сенатот на САД одобри санкции за фирми вклучени во „Северен поток-2″

Најчитани вести

Американскиот Сенат гласаше со големо мнозинство за воведување санкции за компании кои работат на рускиот гасовод „Северен поток”, испраќајќи до претседателот Доналд Трамп предлог-закон со кој сигурно ќе бидат незадоволни европските држави што сакаат да добијат природен гас од проектот.

Мерката, која лесно ја изгласа Конгресот минатата недела, има за цел да спречи понатамошна изградба на гасоводот „Северен поток-2″ – инвестиција од 10,6 милијарди американски долари со кој се очекува да се зголеми двојно испораката на руски природен гас во Германија.

Американските законодавци предупредуваат дека големиот енергетски проект ќе испрати приходи од милијарди долари кај рускиот претседател Владимир Путин и значително ќе го зголеми политичкото влијание на Москва во Европа.

Европските влади го повикаа Вашингтон да не се меша во деловните работи на Стариот континент.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com