Имено, Федерлајн изјавил дека децата „не сакале да ја видат Бритни и не сакале да одат на нејзината свадба“. Спомна и како се чувствуваат непријатно бидејќи Бритни објавува разголени фотографии на Инстаграм.
„Му посакувам сѐ најдобро и се надевам дека ќе гледа попозитивно во иднината за доброто на сите вклучени. Но засега чувајте го името на мојата сопруга надвор од јавноста“, напиша Асгари на Инстаграм.
„Неодговорно е да се даваат такви изјави. Момчињата се многу паметни. Наскоро ќе наполнат 18 години и ќе можат сами да носат одлуки. Ќе сфатат дека е тешко да се има татко кој не направил многу да биде пример за нив. Ова наскоро ќе заврши. Не го познавам лично Кевин и немам ништо против него, освен што ја клеветеше мојата сопруга“, додал Сем, пренесува Page Six.
Потсетуваме, по изјавата на Кевин се огласи и Бритни.
“Тажно е да се слуша мојот поранешен сопруг како зборува за односот помеѓу мене и моите деца. Како што сите знаеме, никому не му е лесно да се одгледуваат тинејџери. Ме загрижува фактот што причината се базира на мојот профил на Инстаграм. Беше многу пред Инстаграм.Им дадов сѐ…Само, мама ми рече дека треба да им ги дадам на нивниот татко…“, напиша пејачката на Инстаграм.
Инаку, Кевин Федерлајн и Бритни Спирс беа во брак од 2004 до 2007 година.