Home » Сем Асгари пред бракот со Бритни Спирс изгледал многу поинаку

Сем Асгари пред бракот со Бритни Спирс изгледал многу поинаку

by Lina Muslija

Сем се преселил во Америка како 12-годишен ирански имигрант со својот татко, додека неговата мајка и трите сестри останале во Иран.

Прво играл американски фудбал на колеџ, а потоа се запишал на студии за кривично право. За да преживее, работел три работи. Откри дека спиел само четири до пет часа навечер и почнал да јаде нездрава храна, со што се здебелил 130 килограми.

Кога решил да го промени животот, во рок од шест месеци изгубил повеќе од 45 килограми.

Неговата трансформација беше тема на интервју за Men’s Health во кое тој претходно откри дека за појадок јадел чипс, брза храна, шеќер и слатки и пиел пијалаци со многу шеќер.

Почнал да работи како личен тренер, го ограничил буџетот за храна на 50 долари неделно, внесувал 1.500 калории дневно, а согорувал 4.000.

Покрај тоа што го довел телото во ред, Сем си ги средил и забите, по што следеа низа актерски и манекенски ангажмани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More