Home » Семејството на писателот кој бил инспирација за „Top Gun“ ги тужи „Paramount Pictures Studios“

Семејството на писателот кој бил инспирација за „Top Gun“ ги тужи „Paramount Pictures Studios“

by Журнал.мк

Семејството на израелскиот писател Ехуд Јонај чиј напис во 1983 бил инспирација за рекреирањето на култниот филм „Top Gun“ во 1986 година, сега ја тужи продукцијата „Paramount Pictures Studios“ за авторски права што биле искористени при објавување на продолжението на филмот „Top Gun: Maverick“, пренесуваат странските медиуми.

Во тужбата поднесена до федералниот суд во Лос Анџелес, САД од страна на сопругата и синот на Ехуд, стои дека продукцијата немала право да ја го користи написот на Ехуд за потребите на снимањето на вториот филм.

Тие сега бараат отштета од продукцијата и дел од остварената заработка на филмот (досега заработи 548 милиони долари).

Во тужбата се наведува дека франшизата „Top Gun“ не би постоела без „книжевните напори, евокативната проза и наратив“ на Ехуд. Воедно е наведено и дека семесјтвото во 2018 ја известило продукциската куќа дека првата на приказната ќе истечат по две години.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More