9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Село во Полска во кое се раѓаат само девојчиња – се нуди награда за првото машко бебе

Најчитани вести

Село во Полска стана вистинска атракција откако бројни телевизиски екипи дојдоа да го истражуваат феноменот за кој ниту научниците немаат одговор што се случува со тамошното население.

Ситуацијата во селото Миејсце Одржански за многумина е навистина чудна и невообичаена бидејќи во него живеат само жени. Повеќе од една деценија во селото се нема родено ниту едно машко бебе, поради што градоначалникот нуди награда за оној пар којшто ќе има машко дете, а научниците сè повеќе се интересираат да го испитуваат овој феномен.

И бројни телевизиските екипи доаѓаат постојано во селото во потрага по одговори за чудната аномалија на населението во малото полско село, се вели во сторијата што ја објави угледниот „Њујорк тајмс“.

Овој феномен за првпат го привлекол вниманието на полските медиуми кога селото испратило тим од девојчиња на регионален натпревар за млади волонтерски пожарникари. Оттогаш, градоначалничката Кристина Зиндиак вели дека ситуацијата во селото „станала малку луда“.

Неодамна четири телевизиски екипи пристигнале во селото до кое води само едeн пат и кое има 96 куќи, за да истражуваат „каде исчезнале мажите”.

„Некои научници изразија интерес да испитаат зошто тука се раѓаат само девојчиња“, вели Рајмунд Фришко, градоначалник на општината Цисек, во која спаѓа и селото. „Има и лекари кои ми се јавуваат од целата земја со совети како да забременат за машко дете“.

Тој вели дека штотуку разговарал со пензиониран лекар од централна Полска, кој рекол дека полот на бебето зависи од исхраната на жената, која треба да биде богата со калциум ако сака да има момче. „И ако тоа не функционира секогаш постои испробаниот начин на полските планинари: Ако сакате момче, чувајте секира под брачниот кревет“, вели низ смеа градоначалникот.

Фришко се одлучил да понуди награда за следната двојка која ќе има момче.

„Многу се зборува за оваа појава во селото, размислувам да именувам и улица по првото момче коешто ќе се роди“, рече тој. „Тоа дефинитивно ќе добие многу убав подарок. И ќе посадиме даб и ќе го именуваме по него “.

Како и многу други полски села, и ова бележи голем пад на населението. По Втората светска војна имало околу 1.200 луѓе, сега има 272 жители.

По падот на комунизмот во 1989 година, емиграцијата ги погоди речиси сите населени области на земјата, тренд кој се забрза откако земјата се приклучи на Европската Унија во 2004 година. Повеќе од два милиони Полјаци сега живеат на друго место во Европа. Секое семејство овде има некој што живее во странство. Селаните се загрижени кој ќе ги извршува земјоделските работи во иднина./tocka.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести