3.8 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Селими: Доминантен триумф на Шкендија

Најчитани вести

Актуелниот првак Шкендија ја оствари третата последовна победа совладувајќи го составот на Струга Трим Лум со 2-0. Марјан Радески и Бесарт Ибраими беа стрелци на головите, а тренерот Ерхан Селими вели дека неговиот тим доминирал во текот на целиот меч. Шкендија заостанува шест бода зад лидерот Вардар по седум одиграни кола во првенството.

„Ги заслуживме трите бода. Доминиравме во текот на целата средба, создадовме неколку одлични шанси и постигнавме два гола за сигурен триумф. Рано го отворивме резултатот и не му дозволивме на противникот воопшто да се надева на позитивен исход. Важно е што не примивме гол, ја подобруваме играта од натпревар во натпревар, но мислам дека се уште има доволно простор за напредок“, изјави Ерхан Селими, кој го наследи Ќатип Османи на клупата на шампионот.

Шкендија во следното коло гостува кај Шкупи на Чаир.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com