10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Селена го испровоцира поранешниот дечко Џастин Бибер

Најчитани вести

Американската пејачка Селена Гомез се пофали дека има нова тетоважа – склоени раце што се молат и околу нив испреплетена бројаница. Иста таква тетоважа на ногата пред неколку години направи нејзиниот поранешен дечко, Џастин Бибер. Откако Селена ја покажа тетоважата, американските медиуми, но и фановите, пишуваат дека таа го провоцира Бибер и дека се уште не го преболела иако тие раскинаа пред скоро две години.

Кога пред еден месец Селена ја промовираше последната песна Lose You To Love Me, фановите коментираа дека пејачката е и понатаму заљубена во Џастин. И иако таа изјави дека песната не е напишана за него, тогаш доби јавнa закани од сопругата на Џастин, манекенката Хејли Бибер, која објави песна на „Твитер“ и ѝ порача „Ќе те убијам“. Брзо потоа Селена и Хејли се смирија.

За потсетување, Селена и Џастин беа во врска од 2010 до 2012 година. Тие се смирија на почетокот на 2018 година, но раскинаа по неколку месеци. Откако раскина со Селена, Џастин почна да се гледа со Хејли Болдвин, со која беше во врска и пред неколку години. Двојката се венча во септември 2018 година.Текстот Селена го испровоцира поранешниот дечко Џастин Бибер е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com