23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Селена Гомез продолжува да ги изненадува фановите

Најчитани вести

Повеќе од 31 милион прегледи забележа новиот сингл на 27-годишната пејачка Селена Гомез „Де Уна Вез“ и со тоа стана голем хит за рекордно време.

Алберт Хајп, Јота Роса и повеќекратниот добитник на Латино Греми наградата – продуцентката Тејни – учествуваа во создавањето на песната на шпански јазик, прва по десет години, што таа ја посвети на своето латиноамериканско наследство.

Неверојатно сум гордa на моето латинско потекло. „Де Уна Вез“ е прекрасна химна на љубовта – рече Селена, потенцирајќи дека многумина ќе се најдат во неа.

– Мислам дека ќе значи нешто за секој што некогаш имал скршено срце. Сите имаме лузни од животните искуства, но така всушност се однесуваме кон себе. Силата и волјата да свртиме нов лист се важни – објасни таа.
Покрај тоа, песната испреплетува теми за личен раст и љубов, а е придружена со видео од бајките. Таа призна дека пеењето на шпански и значи многу.

selena gomez

– Дали знаете што е смешно? Мислам дека подобро пеам на шпански јазик. Дознав. Имаше многу работа затоа што не ми беше дозволено да кажам нешто погрешно. Изговорот треба да биде прецизен и публиката го почитува тоа. Секако дека сакам сите да уживаат во музиката, но ова е за моите обожаватели. Му оддавам почит на моето наследство и возбудена сум поради тоа – рече младата sвезда која во 2010 година ја претстави „Un Año Sin Lluvia“, нејзината прва песна на шпански јазик, и е насловна за „Една година без дожд“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести