Островското дерби меѓу Шкотска и Англија не препознава пријателски средби и во секој дуел се влегува со максимална мотивација и ангажираност, па токму тоа го видовме и вчера на „Хампден парк“.
Иако се работеше за контролен натпревар без преголемо резултатско значење, Англичаните еуфорично ја славеа победата и играчите се јавија со реакции на социјалните мрежи, па тоа е само потврда за големото ривалство кое владее меѓу овие две репрезентации.
Англија победи благодарение на головите на Фоден, Белинам и Кејн, додека домашната селекција се врати во игра во вториот дел, но стрелец на голот беше несреќниот Мегваер.
Малерозниот стопер си даде автогол и наиде на жестоко потсмевање од домашните навивачи, а додека Герет Саутгејт остро реагираше за судбината на Хари, селекторот на Шкотска беше брутален.
Новинарот кој правеше интервју му нагласи на Стив Кларк дека Мегваер го постигнал единствениот гол за Шкотска, но истовремено го запраша дали би го сакал стоперот на Јунајтед во својот тим.
– Не, апсолутно не!
https://x.com/EFTV_official/status/1701916453610443229?s=20