-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Села: Имав некои аманети да ги исполнам, ги исполнив за четири години, иако сме во опозиција

Најчитани вести

Алијанса за Албанците/Алтернатива синоќа одржа предизборен митинг во Боговиње каде го претстави кандидатот за градоначалник Албон Џемаили, кој е и актуелен градоначалник.

Џемаили рече дека во изминатите четири години инвестирани се над девет милиони евра во решавање на локалните проблеми. Потсети дека кога дошол за градоначалник, општината имала долг од два милиони евра, а сега е подмирен тој долг.

– Имав некои аманети да ги исполнам. Ги исполнив за четири години. Работевме постојано за училиштата, рековме политиката да биде далеку од училиштата и тоа го правиме, инвестиравме во секое училиште. Работевме постојано и на проблемот со водата и носиме вода за пиење до секој дом, рече Џемаили.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села потсети дека пред една година на жителите на Боговиње им понудиле програма и платформа и денес по една година, иако се во опозиција, повторно се пред нив, но со исполнети ветувања.

– Оваа коалиција, заедно со пратениците што ги има, успеа да го донесе Законот за државјанство, рече Села.

Ја обвини владејачката ДУИ дека присвоила се што можела.

– Се обидоа да ги присвојат дури и оние добри дела кои ги направивме со толку моќ колку што имаме како опозицијата во Собранието. Но, народот гледа, гледаат кој е на патот на праведност и просперитет, и гледаат кои се манипулаторите и со трикови ни кажуваат каков ќе биде епилогот на 17 октомври, истакна Села.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши рече дека на 17 октомври ќе се одбележи големата победа и ќе се продолжи по патот на успехот.

Ги повика учесниците на изборите да водат позитивна политичка кампања.

– 20 години, наместо да прават добри дела и да им служат на граѓаните, тие не прават ништо друго освен да не навредуваат нас. До некаде е разбирливо во сите политички контексти, опозицијата да ја навредува и критикува позицијата, но само кај нас, позицијата – ДУИ се занимава со опозицијата, а ние со нашите работи. Вечерва ја подавам раката на соработка. Дојдете придружете ни се за добри дела или дојдете и натпреварувајте се за добри дела, повика Гаши.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com