12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Села: ДУИ нема да стане зелена партија, манипулираат со гласачите

Најчитани вести

ДУИ не наметнува теми на секои избори, туку на тој начин се обидуваат да прикријат реалноста и да избегаат од одговорноста, тврди лидерот на Алијанса, Зијадин Села, во гостувањето на Топ Тема.

Откако ДУИ се ребрендираше во зелена партија, Села обвинува дека тие се најголемите виновници за уништувањето на животната средина. Вели дека иако на некој начин со ребрендирањето признаваат вина, но сепак ветуваат дека ќе ги решат проблемите.

– Нема да стане зелена партија, тоа им е привремено, за локалните избори за да манипулираат со гласачите. Нема да го решат тоа. ДУИ има само една потреба, да замине во опозиција и малку да го тргне товарот од криминалот и корупција, вели Села.

Тој не сака да верува дека Левица, со блокадата на законот за државјанство, исполнува туѓи интереси. Иако и неговата партија има искуство со блокади на собранието, сепак вели дека тоа треба да биде последниот чекор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com