-2 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Сексуалните работнички маршираа против родово базираното насилство

Најчитани вести

Традиционално сексуалните работнички по 12.пат маршираа низ центарот на Скопје со цел унапредување на нивните права.

Маршот насловен како „Марш на црвениот чадор“ е во организација на Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР и е дел од кампањата за одбележување на 17. декември, Интернационалниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници и работнички.

Годинешното мото е борбата против родово базираното насилство

„Денес, по 12.пат се собравме со една иста цел, стоп на насилството кое го трпат сексуалните работнички. И покрај нашите јавни обраќања до институциите тие остануваат глуви и слепи на нашите барања и продолжуваат да ги игнорираат нашите барања. Заслужуваме безбедни услови за живеење и работење и уживање на своите работнички права.“, рече една од учесничките на маршот.

Во текот на минатата 2018. година нотирани се 100 случаи насилство врз сексуалните работнички, од кои 34 случаи на семејно насилство што значи дека тие и дома не се безбедни. Истоа така минатата година физички повреди добиле 26 транс-родови жени.

„Во тековнава 2019. година бројот на документирани случаи е понизок, но тоа не се должи на позитивните промени во општеството. Довербата во институциите ни е многу ниска бидејќи и натаму сме осудувани, злоупотребувани, силувани, маргинализирани. Јас сум човек, мајка, жена и барам еднаков третман во општеството.“ – порача сексуална работничка од маршот.

Тие уште еднаш потсетија на елементарното почитување на нивните човекови права и правото на избор на работа.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести