-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Секој трет самохран родител во Британија ги прескокнува оброците поради зголемените цени

Најчитани вести

Речиси една третина од самохраните родители во Велика Британија почнале да прескокнуваат оброци за да заштедат на намирници чии цени драстично пораснале поради инфлацијата, покажа новото истражување на групацијата за потрошувачи Кои? (Which?).

Три до десет анкетирани домаќинства со самохрани родители во истражувањето изјавиле дека прескокнуваат оброци поради поскапувањето на храната, пренесува „Гардијан“.

„Нашето истражување покажа дека семејстватаво Обединетото Кралство се борат со зголемените трошоци за живот, а самохраните родители најверојатно прескокнуваат оброци или се обраќаат во добротворни организации за да врзат крај со крај“, рече Росио Конча, директорка за политика и совети.

Покрај прескокнувањето оброци, речиси една петтина од самохраните родители изјавиле дека не платиле сметка во изминатите три месеци, како струја, кирија или хипотека.

Истражувањето покажа дека од инфлацијата најмногу се погодени самохраните родители и пензионерите кои трошат 30 отсто од својот буџет на храна, енергија и гориво.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести