Home » „Секој куршум има мета“ – настан за подигнување на свеста за опасностите од употреба на оружје

„Секој куршум има мета“ – настан за подигнување на свеста за опасностите од употреба на оружје

by Журнал.мк

Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Општина Липково денеска го организираат настанот „Секој куршум има мета“ во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје.

Настанот ќе се одржи во спортската сала на основното училиште „Фаик Коница“ во кумановското село Слупчане.

Како што најавуваат од УНДП, ќе се обратат градоначалникот Еркан Арифи, помошник-началникот на СВР Куманово, Севдаиљ Џафери и заменичката на постојаниот претставник на УНДП, Сања Бојаниќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More