-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Секој извршител дома месечно носел по 2.000 евра

Најчитани вести

Извршителите во просек имале чиста индивидуална заработка од 1,516.728 денари минатата година според надзорот на работата на извршителите што го објави Министерството за правда за 2020. Toa значи дека месечно имал личен приход од нешто повеќе од 2.000 евра.

Тоа, според министерството, е најмала заработка во изминатите години и единствена до сега што е помала од 2 милиони денари на годишно ниво е онаа една година претходно, во 2019, кога чистиот приход по извршител бил 2.298.097 денари што инаку пак бил најмал претходно. Споредбено, според овој извештај, падот на приходот за една година е 34 отсто. Најголем бил во 2018, во просек 3.251.272, што е далеку поголем од сите останати години. Тогаш дома месечно извршителите носеле по 4.400 евра.

Вкупните приходи, ако се тргне настрана наплатата за доверителите, изнесувале околу 85.000 евра по извршителска канцеларија, а за министерството и ова е големо намалување.

  • Од добиените податоци, се констатира дека на сите подрачја на основните судови има намалувања на вкупно остварените приходи по извршители. Вкупно остварениот приход по извршител изнесува 5,234.581 денари, што во споредба со 2019 кога оствариле просечен приход од 7.160.292 денари, има намалување од 26 проценти, се вели во надзорот.

Ваквиот пад на приходите се должел по претходно превземените законски мерки со кои беа лимитирани наградувањата при присилните наплато. Вкупниот профит што останал кај извршителите, по приходите и расходите, изнесувал 187 милиони денари, или 3 милиони евра, што според евиденцијата е за 16 проценти помалку од една година претходно.

Вкупните просечни приходи по извршител, без направени трошоци, според „Правда“, биле 7,3 милиони денари. Најмали се во последните 10 години, а најголеми биле во 2017 кога тие биле и над 11 милиони денари. Приходите само од награди биле 100 милиони денари и паднале за 19 отсто, но треба да се напомене дека има и голем пад кај примените брања за извршување и кај самите извршени предмети.

За цела 2020 година, сите извршители во државата наплатиле вкупно над 123 милиони евра – сума која е речиси идентична на таа од 2019 година, кога немаше прекинување на извршувањето. Ова претходно беше изнесено во извештајот на Комората на извршители за минатата гдоина.

Од оваа сума најголем дел од парите се наплатени од фирмите, а тие се и така најпогодени од кризата. Од фирми должници повлечени се над 89 милиони евра, од државата, безмалку 9,5 милиони евра, а дури околу 25 милиони евра се пари кои се симнати од сметките на граѓаните за долгови по основ на извршни решенија кон различни должници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com