8 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Секој десетти работник во Словенија е странец

Најчитани вести

Клучниот проблем на словенечката економија е дека земјата има недостиг од работна сила која ќе ги одржува високите стапки на економски раст како во последните години, рече министерот за економија, Здравко Почивалшек, во разговор со челници на неколку странски компании.

Според податоците на Државната статистичка канцеларија, кон крајот од минатата година во Словенија имало 885.700 работно активни лица, меѓу кои 87.700 странци, што значи дека речиси секој десетти вработен е странски државјанин.

Повеќето од нив се од Босна и Херцеговина (42.000), па следуваат државјани од Србија (околу 11.000).

На трето место се работници од Хрватска, но разликата е во тоа што на Хрватите за вработување во Словенија веќе не им требаат работни дозволи со оглед на членството на Хрватска во Европската Унија.

Речиси 7.100 вработени во Словенија се од Косово, а има и 6.000 македонски државјани.

Вработувањето лица од трети земји од 2015 година го олеснува и правилото според кое дозвола за работа и престој странците може да добијат во општините, дипломатските претставништва во други земји или преку агенцијата за вработување.

Поради тоа, бројот на вработени странци во Словенија во последните години е многу висок.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести