Home » Секоја воена интервенција во Нигер ќе значи војна за Буркина Фасо и Мали, порачаа двете преодни влади

Секоја воена интервенција во Нигер ќе значи војна за Буркина Фасо и Мали, порачаа двете преодни влади

by Журнал.мк

Расте тензијата во Западна Африка. Франција и Италија организираат летови за евакуација на европските државјани. „Секоја воена интервенција против Нигер ќе се смета како објава на војна“ – порачаа во заедничката изјава воените влади на Мали и Буркина Фасо кои ја осудија и економската заедница поради седумдневниот ултиматум за враќање на уставниот поредок. Западот го критикуваше државниот удар.

„Осудете ја упорноста на регионалните организации да применуваат санкции кои ги влошуваат страдањата на населението. Одбијте да ги применувате овие незаконски и нехумани санкции против нигерискиот народ и власти. Секоја воена интервенција против Нигер ќе се смета како објава на војна против Буркина Фасо и Мали“, изјави Абдулае Маига, државен министер за територијална администрација и децентрализацијаХунта во Мали.

„Санкциите ќе бидат катастрофални. За народот ќе бидат катастрофа зашто Нигер е земја која многу зависи од партнерството со меѓународната заедница, со пријателските земји, меѓународните институции кои ни даваат голема поддршка особено во второто полугодие. Сега добиваме финансиска помош од ЕУ, Светска банка и ММФ, конкретно со Француската агенција за развој. Одбивањето на оваа помош е еднакво на самоуништување“, изјави Премиерот на Нигер, Охомуду Махамаду.

Соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум за прв пат е виден откако војската го приведе за време на државниот удар изминатата недела. Базум е фотографиран покрај претседателот на Чад, Махамат Деби, кој пристигна во Нигер да посредува меѓу владата и хунтата. Претседателот Базум беше демократски избран пред две години, што беше означено како прво мирно префрлување на моќта од независноста од Франција во 1960 година.

Поддржувачите на хунтата викендов се собраа во главниот град Ниамеј каде што вееја руски знамиња и извикуваа пароли против нивниот поранешен колонизатор – Франција. Руската паравојска Вагнер веќе оперира во соседен мали, а Москва се обидува да го прошири влијанието во регионот. Засега е неизвесно дали новите лидери на хунтата ќе се придвижат кон Москва или ќе се држат до западните партнери на Нигер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk