18.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Секое домаќинство го поседува и спаѓа во најевтините намирници: Овој жолт напиток успешно го намалува нивото на шеќер во крвта

Најчитани вести

Билните чаеви научно докажано помагаат во регулација на гликозата во крвта, а овој е еден од најефикасните.

Дијабетес тип 2 претставува сигнал дека телото не е во можност правилно да го обработи инсулинот, а бидејќи станува збор за хормон одговорен за регулирање на шеќерот во крвта, тој е клучен за одржување на гликозата во нормални граници.

За среќа, постои ефикасен и природен начин како да се влијае на овој механизам, а тоа е – правилна исхрана. Одредена храна и пијалаци можат да делуваат против наглите скокови на шеќерот кои се случуваат по оброците.

Една од ваквите намирници е чајот од камилица кој докажано благотворно влијае на нивото на шеќер во крвта.

Студијата на ирански научници која е објавена во научното списание „Nutrition“ покажала дека пиењето 3 шолји чај од камилица дневно може да ја подобри контролата на нивото на гликоза кај луѓето кои имаат дијабетес тип 2.

Истражувачите од Универзитетот за медицинска наука во Табриз се обидувале да ги утврдат ефектите на чајот врз контрола на шеќерот и нивото на антиоксиданти кај пациентите кои живеат со ова заболување. Во студијата учествувале 64 лица со дијабетес тип 2 на возраст помеѓу 30 и 60 години.

Една група консумирала чај од камилица 3 пати дневно веднаш по оброците во рок од 8 недели. Контролната група исто така ја следела оваа рутина, но наместо чај пиела вода.

Резултатите покажуваат дека групата која консумирала чај од камилица имала значајно пониско ниво на гликозилиран хемоглобин и инсулин, додека вкупниот антиоксидативен капацитет бил зголемен.

Краткорочното консумирање чај од камилица има благотворни ефекти врз гликемиската контрола и антиоксидативниот статус кај пациентите со дијабетес тип 2, гласи заклучокот на авторот на студијата.

Сепак, како што забележале истражувачите, потребни се пообемни истражувања, поголем број испитаници и подолг период за да се покажат значителни клинички подобрувања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com