23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

СЕКОГАШ ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ 17 БОНТОН ПРАВИЛА

Најчитани вести

Поради ова, луѓето ве сметаат за груби и лошо воспитани !
Не коментирајте за туѓ изглед, ако не може да се поправи за 30 секунди.

Постојат правила, глупави правила и правила за кои не се разговара, како на пример да не одговорите со полн глас ако некој ве праша нешто со шепот.

Можеме да го наречеме здрав разум, човечка етика или непишано правило, но, кога некој ќе те праша нешто со шепот, ти исто така одговараш со шепот. За некои, ова е целосно јасно, очигледно и логично, но поради некои луѓе, ова правило понекогаш треба да се нагласи.

Токму една таква тема беше покрената на Редит и луѓето почнаа да пишуваат непишани правила кои, според нив, секој треба да ги следи за да си го олесни животот на себе и на сите околу нив.

Еве ги најважните:

  1. Никогаш не се потсмевајте на туѓа смеа, ниту поради тоа како звучи ниту како изгледа лицето додека се смее. Смеењето е природна реакција на радост и среќа и луѓето не треба да се прашуваат како тие ги изразуваат.
  2. Секогаш пуштајте ги луѓето надвор од јавниот превоз пред да влезете.
  3. Не коментирајте за туѓ изглед ако не може да се поправи за 30 секунди. Ако некој има остаток од храна на забите, кажете му, но не коментирајте за телото, фризурата и старата избледена облека.
  4. Не оставајте ја количката на сред патека во продавницата или на паркингот.
  1. Бидете учтиви кон луѓето кои работат во услужни дејности. Не мора да ги истурате своите фрустрации врз нив.
  2. Не се вери на туѓа свадба.
  3. Не јадете храна со силен мирис во канцеларија.
  4. Ако некој ви покаже фотографија на својот телефон, не листајте лево и десно додека гледате други фотографии.
  5. Ако некој прави нешто што го прави среќен и ако тоа не му штети на никого или на ништо, оставете го сам да го стори тоа, без коментар.
  6. Ако позајмувате нешто од некого по трет пат, треба да ја набавите вашата копија.
  7. Не слушајте музика на звучници во јавноста, никој не се грижи за вашиот музички вкус. Користете слушалки.
  8. Жвакајте со затворена уста.
  1. Не дозволувајте вашите пријатели да возат пијани.
  2. Најавете ја вашата посета. Не тропајте само на вратата затоа што никој не сака непоканети гости.
  3. Не мешајте извинување и изговор.
  4. Ако позајмите нечиј автомобил, вратете го со онолку гориво колку што сте го зеле со себе.
  5. Ако откажете состанок со пријател, ваша должност е да понудите нов состанок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести