1 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Сезона за заборав: Еден тренер, со два различни тима за една сезона испадна два пати во пониски лиги

Најчитани вести

Норвешкиот фудбалски стратег Тим Нордли има сезона за заборав. Иако во минатото ги предводел едни од најдобрите тимови во оваа земја, сепак оваа сезона имаше неславен, но и чуден учинок, кој веројатно во блиска иднина тешко некој тренер да го доживее тоа.

Имено, тој во иста сезона, со два различни тимови доживеа да испадне во пониски рангови. Тој од 2016 до 2019 година беше тренер на Скеид од Осло кој се натпреваруваше во втората норвешка лига. Но, не успеа да обезбеди опсанок и испадна.

Сепак, Тим Нордли доби повик да биде тренер на прволигашот Лилестром, кој исто така се бореше за опстанок во најсилната лига на норвешка. Сепак, во плеј-оф натпреварите доживеа пораз, па така и со овој тим се пресели во понизок ранг. „Достигнување“ кое секако нема да сака да го прераскажува на неговите поколенија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести