31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Седум милиони евра од Европската Унија и од СЗО за вакцинација на Западен Балкан

Најчитани вести

Европската унија и Светската здравствена организација почнуваат проект вреден седум милиони евра за вакцинација на населението на западен Балкан, соопшти денеска Европската комисија.

-Со овој нов проект за поддршка на кампањите за вакцинација на западен Балкан, во партнерство со СЗО, ЕУ продолжува да ги исполнува своите ветувања за поддршка на нашите партнери во справувањето со пандемијата. Овој проект го надополнува пакетот од 70 милиони евра за присап до вакцини за регионот, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Целта на овој нов проект на ЕУ и СЗО е да ги подготви земјите од регионот за ефикасен прием и администрација на вакцините против Ковид-19, кои ќе пристигнат преку Ковакс или преку механизмот на ЕУ за споделување на вакцините.

Европската унија се надева со оваа иницијатива исто така да ја помогне ефикасноста на здравствените системи во регионот „преку придвижување кон одржливо финансирање на универзално здравствено осигурување“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести