10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Седум докажано најштетни пијалаци

Најчитани вести

Иако повеќето од нив ги обожавате, дали знаете кои пијалаци важат за најштетни?

Чоколадно млеко

Освен ако не го консумирате веднаш по интензивниот тренинг, треба да знаете дека чоколадното млеко содржи околу 21 грам шеќер плус засилувачи на вкус.

Сок од брусница

Ова овошје има многу малку калории и е многу здраво, па затоа се препорачува да го јадете свежо. Поради специфичниот вкус на брусницата, произведувачите додаваат многу шеќери за да произведат сок.

Пијалаци од портокал

Станува збор за микс од вода, густ сладок сируп и малку концентрат од вистинскиот сок, масло и останати хемикалии. Јасно е дека нема многу здравствени придобивки од овој сок.

Голема шолја кафе

Убаво е кога денот ќе го започнете со шолја кафе, но не треба да претерувате. Најдобро е да внесете околу 400 мл кафе во текот на денот, а поголема количина може да предизвика развој на остеопороза.

Кафе во лименка

Пред да купите кој било производ, прочитајте кои се состојките. Кога станува збор за кафе во лименка, многу произведувачи додаваат многу шеќери и млеко за да пијалакот биде повкусен.

Вода со витамини или вкус

Водата со витамини или вкус содржи околу 120 калории, плус голем процент на шеќери.

Сок од домати

Произведувачите додаваат натриум, па се претпоставува дека со само една шолја од ваквиот сок ќе внесете 30 отсто од дневнатата препорачана доза на натриум.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com