Седум лица загинаа, а беа ранети стотина во руски ракетен напад во украинскиот град Чернихив. Нападот се случи кога украинскиот претседател Зеленски пристигна во Шведска по учеството на самитот на НАТО во Литванија минатиот месец.
Оштетени се згради и автомобили. Меѓу загинатите е и 6-годишно дете. меѓу ранетите има 15 деца.
Според Зеленски нападот покажал дека Русија е „терористичка држава“ и дека светот мора да се обедини против неа.