27.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Седумгодишно момче преживеало паѓање од трети кат

Најчитани вести

Седумгодишно момче во Ниш преживеало паѓање од третиот кат ! Идентитетот на седумгодишното момче е Павле С. Поради неверојатен сплет на околности, момчето поминало само со полесни повреди, објавија српските медиуми. Како првична причина поради која момчето поминало само со полесни повреди е фактот дека паднало на тревна површина, а не на бетон.Од болницата каде е згрижено момчето е соопштено дека има само контузии.

Според медиумите од соседството детето се разбудило во пет часот наутро и започнало да ја бара мајка си. Во тоа време таа била во тоалет и не го слушнала. Момчето станало од креветот и сонливо излеголо на балконот. Тој веројатно помислил дека мајка му е во собата која е покрај неговата, па се обидел да премине однадвор, но не успеало и паднало од девет метри височина.

Мајка му по излегувањето од тоалетот влегла во собата на детето и видела дека го нема во креветот. Набрзо го слушнала неговото довикување од тревникот кое ги вонзнемирило сите станари. Преплашената жена веднаш истрачала пред зграда, а на помош излегле и соседите, кои ги разбудила буката. Првично не биле свесни дека момчето не е тешко повредено, а кога виделе дека ги поместува нозете и рацете, одлучиле да не губат време и со приватен автомобил да го однесат во Ургентниот центар.

Клиничкиот центар во Ниш ја известил полицијата дека примил момче кое паднало од трет спрат за случајот е извесетно и Високото јавно обвинителство. Падот на момчето полицијата го смета за несреќен случај, затоа што засега нема констатирани елементи за кривично дело.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести