14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Седници на четири собраниски комисии

Најчитани вести

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за европски прашања, за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите и Законодавно – правната комисија.

Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за установите е единствена точка на дневен ред на седницата на Комисијата за економски прашања.

На седницата на Комисијата за европски прашања, пратениците ќе расправаат по Предлог-законот за финансиска стабилност, Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање тероризам и по Предлог-закон за вршење сметководствени работи.

Годишниот извештај за работењето на Оперативно – техничката агенција за 2021 година, е на агендата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Законодавно – правната комисија, како што е најавено, ќе одржи две седници 111 и 123.

На 111 – та седница, пратениците ќе расправаат по Предлог-законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка. На оваа седница се и повеќе барања за автентично толкување.

На дневен ред на 123-та седница на Законодавно – правната комисија се Предлог-законот за финансиска стабилност, Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, Предлог-законот за вршење сметководствени работи, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за установите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com