Home » Седници на собраниската Комисија за европски прашања

Седници на собраниската Комисија за европски прашања

by Журнал.мк

За денеска во Собранието се закажани три седници на Комисијата за европски прашања. Прво е закажана 34-та седница, на чиј дневен ред се предлозите на закони за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини и за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, и двата во второ читање.

На истата седница, но во прво читање, се и предлозите на закони за исплата на паричен надомест на жртви од кривични дела со насилство, за Академија за судии и јавни обвинители и за адвокатурата, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

По завршувањето на 34-та седница, Комисијата за европски прашања треба да ја одржи и 29-та седница на чиј дневен ред се Предлогот на закон за финансиска стабилност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, и двата во прво читање.

По оваа, Комисијата за европски прашања треба да ја продолжи 32-та седница на која преостанати точки на дневниот ред се Предлогот на закон за инспекциски надзор во животната средина, во второ читање и Предлогот на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во прво читање.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk