1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Седници на двe собраниски комисии

Најчитани вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и Комисијата за одбрана и безбедност.

Пред Законодавно-правната комисија се повеќе точки, меѓу кои и Предлог – законот за финансиска поддршка на тутунарите, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија, како и Барањето за давање автентично толкување на член 173 став 12, а во врска со членот 175 став 2 од Законот за високото образование.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа по Информацијата за потребата од продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Македонија со склучување на договор со Владата на САД.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести