15.8 C
Skopje
Friday, May 27, 2022

Седница на српскиот Совет за безбедност за Косово

Најчитани вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ за денеска најави седница на Советот за национална безбедност, на која ќе се расправа за барањето на Косово за членство во Советот на Европа. Според него, Приштина покажала дека го прекршила Вашингтонскиот договор. „По 10 години газење на бриселскиот договор, сега го згазија и договорот од Вашингтон и никогаш не се почитува резолуцијата 1244 на Совет за безбедност на ОН, изјави вчера Вучиќ на отворањето на Саемот за автомобили во Белград. Тој додаде дека не знае дали Приштина има мнозинство за да го исполни тоа барање, но дека едноставната пресметка покажува дека може да очекуваат околу две третини од гласовите доколку ги поддржат само земјите што ја признаваат независноста на Косово. „Тие сега добија поддршка од САД за приклучување кон Партнерството за мир. Ова е притисок врз овие пет земји од ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово и поканата до Србија да го стори истото“, рече Вучиќ.

Претходно, вчера министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала официјално ја предаде во Стразбур апликацијата на Косово за зачленување во Советот на Европа. Таа изрази уверување дека иницијативата ќе резултира со полноправно членство на нејзината држава во таа меѓународна организација. Во СЕ членуваат 46 држави и за прием на нова членка потребни се гласовите не две третини од нив. Како што јавуваат медиумите во Приштина, надежите на косовските власти за прием во организацијата пораснаа по исклучувањето на Русија од неа. СЕ е меѓународна организација за човекови права, демократија и владеење на правото, со седиште во Стразбур, Франција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com