2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Седница на Советот за безбедност поради состојбата со пандемијата

Најчитани вести

Актуелната состојба поврзана со ковид пандемијата ќе биде тема на денешната седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, што ќе се одржи во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

„На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата од Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции“, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com