Home » Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

by Журнал.мк

Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која на дневен ред е утврдувањето на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Пријавени за членови на Советот на јавните обвинители се Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд Скопје, Кети Петкова адвокат од Гевгелија која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, како и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство.

На претходното продолжение на седницата на 9 мај беше отворена расправа за првата кандидатка Светлана Жупаноска.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија долги дебати и говори исто како претходно за предлозите за уставни судии.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk