17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Седма победа на седум гостувања во низа за Челси

Најчитани вести

Челси во импресивен стил се врати на победничките патеки по двата пораза на домашен терен, од Брентфорд во Премиер-лигата, 1-4, а потоа и од Реал Мадрид со 1-3 во Лигата на шампионите (ЛШ), демолирајќи го Саутемптон на гости, со 6-0! Овој триумф на Челси, особено играта во првите 45 минути, кога дадоа четири гола и трипати го погодија дирекот, е големо охрабрување за менаџерот Томас Тухел пред утрешниот реванш против Реал во Шпанија.
– Многу добар натпревар, како во офанзива, така и во дефанзива. Бевме цврсти во дуелите, бевме опасни во транзицијата, бевме добри на сите делови од теренот. Покажавме и голема ментална цврстина, што не е секогаш лесно, оти играме ужасно многу мечеви, со безмилосен распоред. Не е лесно, но ова е реалноста – изјави Тухел.
Челси ја забележа седмата победа на последните седум гостувања во сите натпреварувања, што е најдолга победничка серија на гости во клупската историја, како во април 1989 и во ноември 2019 година. Ова беше и најголемата победа на Челси на гостински терен, идентична на оние над Барнсли (во август 1997) и над Виган (август 2010), со по 8-0. За Саутемптон, потежок пораз дома од овој во клупската историја беше рекордниот 0-9 од Лестер, во октомври 2019 година. Челси по 19-ти пат постигнува шест и повеќе голови на натпревар во Премиер-лигата, како и Манчестер сити. Саутемптон, пак, прима шест и повеќе голови на натпревар во Премиер-лигата по десетти пат, најмногу од сите тимови.
„Сините“ од Лондон се третиот тим од Премиер-лигата што сезонава дал 100 и повеќе голови, по Ливерпул (119) и Манчестер сити (114). За Саутемптон ова беше трет пораз во низа на стадионот „Сент Мери“ во Премиер-лигата, откако претходно загуби три на 20-те натпревари дома.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com