30.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Седлоски VS Влахо: Некогаш најблиски соработници, во недела ќе бидат лути ривали!

Најчитани вести

Во недела, во рамките на 29.коло во ПМФЛ се среќаваат старите скопски ривали, некогашни шампиони, Шкупи и Работнички. Тој меч секако дека предизвикува внимание во јавноста и поради фактот дека на клупите на двата тима ќе седат Гоце Седлоски (Шкупи) и Александар Влахо (Работнички).

Некогаш најблиски соработници, Влахо на Седло му беше прв асистент во речиси секој клуб каде работеше трофејниот стратег и некогашен капитен на репрезентацијата, а во недела ќе бидат лути ривали.

Од Хоризонт, преку Вардар, Рига, Широки и Динамо Загреб 2, секаде Седло “шефуваше“ а Влахо асистираше. Така е тоа во фудбалот, не знаш што ќе донесе утрешниот ден.

Да потсетиме дека пред една недела Седлоски седна на клупата на Шкупи, и веднаш победи и тоа во Велес на гостувањето кај Борец. Работнички под водство на Влахо оваа пролет игра солидно, а најдобрата партија тимот ја имаше на гостувањето кај Шкупи, на 7 март, кога славеше со 2:0. Но тогаш Седлоски не беше на клупата на Чаирчани.

Ова е првпат во нивните тренерски кариери да се најдат на мегдан еден против друг.

Во секој случај ќе биде интересно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести