0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Седлоски: Фаворити сме против косовскиот тим Љапи

Најчитани вести

Тренерот на македонскиот вицешампион Шкупи, Гоце Седлоски, спроти денешниот премиерен натпревар во УЕФА Конференциската лига истакна дека неговиот тим ќе мора на терен да ја оправда фаворитската улога во дуелот против косовскиот противник Љапи.

– Не го потценуваме противникот. Напротив, во натпреварот ќе влеземе максимално мотивирани со цел да обезбедиме поволен резултат за реваншот. Добро е што ќе ја имаме поддршката од навивачите на трибините.

Фудбалот се игра за нив и мислам дека навивачите ќе ни бидат дополнителен мотив на утрешниот натпревар, изјави Седлоски на денешната прес-конференција во Скопје.

Натпреварот Шкупи – Љапи се игра утревечер со почеток од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“, која, согласно протоколите, ќе може да биде исполнета до 30 отсто од капацитетот.

Во рамки на 1. квалификациско коло во Конференциската лига, Силекс утре од 16 часот на теренот на ФФМ во Скопје, исто така, е домаќин на молдавскиот претставник Петрохуб, додека екипата на Струга, третиот македонски претставник во новоформираното трето по ранг европско клупско натпреварување, и гостува на латвиска Лиепаја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести